Персоналот на СЈО денеска со писмо се обрати до власта и до меѓународните институции да им најдат чаре.

Техничките служби, како и сите вработени во СЈО, добро врвеа додека траеше филмот за „ангелите од СЈО“, но сега кога заврши тој убав филм, тие се загрижени за иднината. Денеска со писмо за помош се обратија до странските амбасади во Македонија, премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат персоналот од специјалното обвинителство да не бара специјални привилегии туку да ја дели судбината како и на илјадници други кои останале без работа.

– Еве, во Италија бараат берачи на јаболка!- гласи понуда од корисникот на Твитер со псевдоним Маче.