Откако беше објавена патриотската песничка за „Татковината лична како слика, Северна Македонија што се вика“, жирито на социјалните мрежи ја разгледа и препорача власта да не ги злоупотребува децата со новокомпониран патриотизам.

Се препорачува децата да бидат оставени на мира да си го минуваат деството и да не се политизираат. Патем, песничката е „препеана“ во духот на традиционалното пеење во Република Македонија.

Погледнете го редоследно настанокот на песничката и интервенциите од стручното жири, што често се користи, веројатно за да се потенцира дека има и нестручни жирија во Македонија.