Диего Кошта е обвинет од обвинителството во Мадрид за даночно затајување во вредност од повеќе од еден милион евра.
Бразилскиот напаѓач, кој сега игра за Атлетико Мадрид, не го платил потребниот процент давачки за имиџ правата.
Кошта не пријавил сума од 1,4 милиони евра во 2014 година кога се пресели во англиски Челзи. Пред две сезони, шпанскиот репрезентативец се врати во „црвено-белите“ од Мадрид.
– Тој се обидел да добие нелегално даночно олеснување, соопштија запознаени со случајот,цитирани од шпанските медиуми