Новите правила на УЕФА ќе стапат на сила на 25-ти јуни или поточно од новата сезона.

Ова значи дека финалето во Лигата на нациите оваа недела и европските квалификации нема да бидат засегнати од овој момент.

Промените на правилата ќе бидат применувани во првиот круг на Лигата на шампионите и квалификациите за ЕП 2020 во септември.

Едно од најконтроверзните правила кои се подложени на промена е за играта со рака. Веќе секој допир на топката со рака на играчите сега ќе се смета за повреда на правилата, без разлика дали е ненамерно или раката е залепена кон телото на играчот. Судиите, исто така, ќе можат да покажат жолт и црвен картон за секој член на штабот на одреден тим.

Друго ново правило е дека при замена, играчите мора да го напуштат теренот од најблиското можно место, за да не ја забавуваат играта