Комбинацијата маслиново масло и сок од лимон му помага на телото да се исчисти од токсини, а првите резултати може да се очекуваат за еден месец, но важно со оваа нова утринска пракса да истраете секој ден.

Што да се направи?

Измешајте лажица маслиново масло и сок од лимон.
Пијте го овој мини коктел пред да пиете или јадете било што друго.

Потоа, уживајте во вообичаениот појадок.


Мешавината од маслиново масло и сок од лимон го потпомага дигестивниот систем, ефикасно го елиминира запекот и сите други дигестивни проблеми.

Луѓето кои готват со маслиново масло, го додаваат во салати или натопуваат леб во него, имаат 41 процент помала веројатност да доживеат мозочен удар од оние што никогаш не го консумираат. Истражувачите кои ја спровеле студијата на околу 8000 луѓе велат дека сите постари луѓе ќе живеат подолго ако консумираат многу маслиново масло.

Лимонот дава многу придобивки за кожата. Исто така, помага во прочистување на крвта. Телото, ако го „нахраните“ со лимон, побрзо произведува нови крвни клетки.

Резултатите од коктелот од овие 2 намирници се генијални: намалени токсини, подобро здравје, повеќе енергија и поубава кожа.

Испробано!