Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија, истакна на прес-конференција Елена Радеска од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Страшно!

Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето.

Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија.

Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал.

Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози.

Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните.

Сѐ уште  Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе.

Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.
И повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор. Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи. Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија.

Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Ова е страшна информација.

Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за:

• Христијан Мицкоски;
• Сашо Клековски;
• Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал.

Фото: СДСМ

Линк до видеото : https://youtu.be/_PUUydq8QUQ?si=1dZ8JdXGWTaPEhLb