Во Атина е тажно, пишува вчера Маја Платнар од главниот грчки град:
„Валкано, гнасно, мириса на урина, на секој агол има наркомани легнати кои просат ако ги држи мигот, врие мигранти кои крадат, напаѓаат и се агресивни, воздухот мириса на цигари, секој втор, а на одредени улици и секој прв дуќан е затворен, на лицата на луѓето нема насмевка, а под Акропол странци од секој крај на планетава, полни кафани, лажна слика на среќа.
Ципрас друже погледни дома што ти се случува, оставија Македонија на мира, ти се распаѓа лулката на филозофијата“, го пренесува Платнар својот првичен впечаток од Атина, додавајќи:
„Луѓево овде ги мразат НАТО и ЕУ. Велат откако дошле се е катастрофа. Два милиони се иселиле, цели маала се под клуч, во близина на Археолошкиот музеј има цел кварт напуштен. Таму се населени мигранти кои крадат од кој ќе стигнат. Едно време Атина беше во 10-те најбезбедни градови за живеење на светот. Сега… Но, она што најмногу ме вознемирува е што никој кај нас не зборува за ова, никој не ја прикажува вистинската слика. Новинари немаме..!“.