Триесет и петгодишната жена чие дете утрово го загуби животот во пожар во стан на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, е лишена од слобода, информираат од СВР Тетово.

Од таму наведуваат дека С. Т. од Ресен веднаш по лишувањето од слобода откако ѝ е пружена медицинска помош, околу пладне задржана е во полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“ (член 203 став 2 од КЗ).

Таа најверојатно ќе биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.