Втор пат во последните седум години непознато лице ја става на продажба, преку оглас на интернет, општинската зграда во Нанси, град на истокот од Франција, јави дописникот на МИА.

За седум години, палатата на Нанси, која се наоѓа на плоштадот Станислас, а е заштитена од УНЕСКО, видно ја загуби цената. По проценката од 65 милиони евра во огласот објавен во 2013 година, овој пат на интернет-страницата за продажба на Лебонкуан.фр,  палатата е понудена за 35 милиони евра .

Огласот е дело на интернет-корисник наречен „Л&M“. Тој дава детали дека зградата е куќа од 2.300 метри квадратни, во која има 29 соби „вклучувајќи многу салони и спални соби“.

„Палатата е изградена во 1755 година и е наречена „Малиот Версај“, бидејќи должината и не многу големата височина ќе им се допаднат на сите ентузијасти од 18 век“, се наведува во огласот за продажба.

„Ја продавам по големо политичко несогласување со новиот закупец. Се плашам дека тој ќе го претвори градот во шумска патека за велосипеди“, забележува зајадливо огласувачот.

Едвај скриена алузија на политиката предводена од новиот градоначалник на Нанси, Матио Клајн и неговото залагање за „урбана шума.

И, како заклучок, продавачот, кој вели дека бил поранешен сопственик на местото, се збогува со  војводскиот град:

-Време е за мене да го напуштам овој сакан град и да се упатам кон топлината на југот. Приходот од изнајмување е 23.500 евра месечно. Не се предвидени работни зафати на зградата.“

Мала ретроспектива покажува дека шегите не секогаш ги насмеваат луѓето. Во 2013 година, кога беше објавен сличен оглас за продажба, градот Нанси поднесе пријава за „неправилна продажба на општински имот“.

Градското собрание на Нанси реагираше на објавата, осудувајќи го чинот на „малиот шегаџија“:

-Не сме навредени, туку испраќаме порака на осуда. Овој вид пракса не може да се повтори во иднина. Тимовите се на работа и подобро е нивното време да им служи на нашите сограѓани “.

Градот, исто така, соопшти дека побарал од интернет страницата да го отстрани огласот.