Политичарите со своите несмасни изјави умеат да предизвикаат револт кај граѓаните, кој набрзо преминува и во потсмев.
Таков е случајот и со кандидатот на ДУИ за претседател на Република Македонија, и актуелен министер за надворешни работи, Бујар Османи.
На социјалните мрежи се појави реакција со подбив на неговата изјава во врска со платата, која како и на другите функционери, му беше зголемена за 78 отсто со одлука на Уставниот суд на Македонија.
– Подадате рака. Донирајте за Бујар Османи да преживее до платата. Тоа што за вас значи ситница за некого може да значи премногу, гласи пораката со подбив до Османи што се врти на социјалните мрежи.
Османи вчера изјави дека „треба да се позајмува ако на први во месецот не му стигне платата на време“.
Инаку, Османи месечно заработува министерска плата од околу 2.000 евра, а според објавите во некои медиуми толку заработува и неговата сопруга која е вработена во државна фирма со високи плати.
(Д. Г.)