Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на состанокот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржува во рамките на конгресот на ФУЕН во Хелсинки, Финска.

-Во името на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, имав презентација за Македонците во Република Албанија- рече Ѓурѓај за Македонски весник „Илинден“.

Претседателот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН, д-р Хартмут Лајпнер, упати благодарност за успешната организација на семинарот, кој, како што е наведено, бил меѓу најбројните и претставувал значајна промоција на македонското национално малцинство во Албанија.

-Токму семинарот и активностите на Македонското друштво „Илинден“-Тирана беа во фокусот на денешниот состанок, кој традиционално се организира во рамките на секој конгрес на ФУЕН, објави македонски весник „Илинден“.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенски малцинства.

Во Работната група на словенски малцинства од Европа членуваат 32 организации, кои се рамноправни членки на ФУЕН.

Фото: Македонски весник „Илинден“