Македонците од Австралија собравме мала финансиска помош за црквата “Св Злата Мегленска”, Соботско, Егејска Македонија со која раководи Архимандрит Никодим Царкњас, објави Ицо НАјдовски – Перин.
Испративме 13. 400 австралиски долари за да се купат кандилата на храмот. Храмот ќе се осветува на денот на Св. Злата Мегленска во октомври оваа година. Во книшката имаме донација и за Пиринска Македонија и мала сума за црквата кои ќе ги испратиме покасно.
Голема благодарност до сите Македонци кои подарија пари, благодарност и до сите учесници кои се залагаа да помогнат.
Активностите продолжуваа и понатака за помош на Македонците во Албанија.
Од Одборот за помош на Македонците во соседните држави.