Здружението на Македонците во Белград „Македониум“ вечер од 19 часот во Педагошкиот музеј во Белград ќе отвори изложба по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, на која ќе бидат претставени 12 портрети од околу 50 што ги има изработено академскиот сликар Ангел Петров од Велес.
Изложбата ќе ја претстават Светлана Петрова, директор на Фондацијата „Ангел Петров“ и сопруга на покојниот уметник, и проф д-р Катерина Тодороска од Институтот за национална историја од Скопје. На отворањето на изложбата ќе настапи пејачката група „Македониум“.
Изложбата е дел од чествувањето на двата големи празника на македонскиот народ – 11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ и 23 Октомври – Ден на македонската национална борба.