Министерството за внатрешни работи со први информации за „бомбата“ во ЈСП која од сообраќај ги повлече сите автобуски линии.

– Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП пратил меил со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Во тек се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку низ Скопје е целосен хаос откако градот денеска остана без јавен превоз, но не поради штрајк на вработените, туку поради дојава за поставена бомба.