Триесет и едногодишниот австралиски натпреварувач во мешани боречки вештини со македонско потекло, Александар Волкановски е нов светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија.
Тој ноќеска, по голема борба во Лас Вегас, го совлада еден од најдобрите во историјата, Макс Холовеј.
Александар Велики, како што го нарекуваат медиумите, доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите во негова корист.
Волкановски е роден во Шелихарбор во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од пелагониското село Беранци од каде на 15-годишна возраст се преселил на печалба во Австралија.
Волкановски шансата да се бори за шампионскиот појас ја доби со 17-те триумфи во низа во октагонот, од кои седум беа во најдобрата на светот во мешани боречки вештини, УФЦ-серијата.
https://www.youtube.com/watch?v=kA08iW7MOQk&feature=emb_logo