И покрај тоа што Владата зборува за економски раст и оптимизам за ЕУ, жителите на Македонија продолжуваат да ја напуштаат земјата. Според бројот на барања за азил во странство, Македонија е во првите 5 земји по вкупниот број на жители во светот.

-Дури 6.760 граѓани од РСМ побарале азил во странство само во текот на 2023 година. Според ова Македонија е на четврто место во светот по барањата за азил по глава на жител. Најпосакувани земји се Германија, Италија и Франција, објави ТВ21.

Моментално само во Германија има околу 220.000 жители со македонско потекло кои престојуваат како мигранти, 68.000 повеќе отколку пред две години. Според официјалните податоци, Македонија во последните години бележи пораст на миграцијата во однос на жителите, заземајќи го четвртото место во светот, по Албанија. Во 2023 година, според Евростат, барањата за азил достигнаа рекордни бројки во последните години, вкупно 6.760.

Ги прашавме граѓаните кои би можеле да бидат причините што граѓаните ја напуштаат земјата.

Инаку на прво место според бројот на барања за азил по глава на жител е Сирија со 874 барања во 100 илјади жители, на второ место е Грузија со 668 барања во 100 илјади жители. Косово е на 12 место со 162 барања за азил во 100 илјади жители, но се очекува оваа бројка да се зголеми откако ЕУ ги укина визите за жителите на оваа земја.

Извор: ТВ 21