Женската репрезентација на Македонија утре ќе го добие својот противник во баражот за пласман на СП 2019 во Јапонија.

„Црвено-жолтите“ се дел од вториот шешир, а ќе играат против репрезентација од првиот шешир.

Прв шешир: Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска.

Втор шешир: Австрија, Хрватска, Чешка, Полска, Белорусија, Исланд, Македонија, Швајцарија и Словачка.

Извлекувањето е закажано за утре, 15 декември во 16:30 часот во Париз.

Првиот бараж натпревар ќе се одигра во период меѓу 31 мај – 2 јуни 2019 година, додека реванш натпреварите се во период од 4 – 6 јуни 2019 година.

Победниците обезбедуваат пласман на СП во Јапонија што ќе се одржи од 29 ноември до 15 декември 2019 година.