Македонската фудбалска репрезентација е во негатива по првиот дел на дуелот со Словенија со 0:1 во натпревар од 6.коло од групата Б1.
Голот за Словенија го постигна Данијел Штурм во 29.минута. Во првото полувреме македонската репрезентација имаше повеќе од поседот на топката, но противникот имаше прилика да поведе и во 16.минута кога во обид да расчисти Марио Младеновски ја погоди пречката од голот на Столе Димитриевски.
Натпреварот се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. (МИА)




