Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец Агром Мемеди.

– Со длабока тага ја објавуваме смртта на Агрон Мемеди, член на техничкиот штаб и поранешен фудбалер на нашиот клуб.

Денес, нашиот клуб загуби еден од своите луѓе, човек кој беше дел од црвено-црното семејство, прво како фудбалер, а потоа и како дел од техничкиот штаб.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејството Мемеди, роднините и сите оние кои го познаваа и го сакаа Агрон.

Тој секогаш ќе остане дел од нашето семејство.

Почивај во мир Гони!, – ФК Шкендија.

Поранешниот македонски репрезентативец почина откако му се слоши за време на денешниот тренинг на тетовскиот клуб.