Последен пат Естонија има освоено бод пред седум натпревари со Белорусија. Пред точно една година, на 10 октомври 2019 година, Естонците одиграа 0:0 со Белорусија на гостувањето во Минск. Потоа следат шест порази, за сега да освојат бод во драматичен натпревар, во кој можат да жалат што не победија.

По водството на Македонија во третата минута со автоголот на Куск, Естонија прави пресврт и поведува со 3:1.

При 2:1 за Естонија, во 67 минута, Трајковски промашува пенал. Потоа примаме уште еден гол, но Пандев во 80-та и Зајков во 88 минута успеваат да ни донесат израмнување во натпревар од кој ги очекувавме трите бода.

Следниот натпревар го играме во среда против Грузија во Скопје.