Македонија повторно е во игра за второто место. Она што се чинеше како невозможно по поразот од Украина и по дебаклот од Англија сега е реалност. Вечерва Македонија против Малта одигра рутински, на резултат, колку што беше потребно и славеше со головите на Елмас и Манев. Со седум бодови, колку што имаат и Украина и Италија влегуваме во дуели со истите противници на гости.

Прво играме во октомври со Украина во Прага и од тој резултат ќе зависи дали шансите за второто место ќе останат. Да се потсетиме, во Скопје Украина не победи откако во првото полувреме ние водевме со 1:0, така што во Прага ќе мора да одиме на победа.

По мечот со Украина, ни следи натпреварот со Англија во Скопје која е убедливо прва во групата со 13 бодови..

Во другиот меч, Италија вечерва ја победи Украина со 2:1.