Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар.
Јавното претпријатие „Македонијапат“ соопшти дека од 08:45 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Тетово- Попова Шапка, а претходно во 07:55 часот беше укината и забраната на планинскиот превој Плетвар.
Забраните на овие патни правци беа воведени поради интензивни врнежи од снег, силен ветер и наноси на патот.