Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе беше најдобар на последната трка во рамките од Европскиот ридски планински шампионат одржана во Бузет во Хрватска.

Стефановски во конечниот ранкинг заврши второпласиран со 166 поени, зад шампионот Антонино Миљуоло кој освои 177.

На патеката во Бузет Иџе постави рекорд со вкупно време на двете трки од 5:13,189, и така го остави зад себе ривалот од Италија кој заостана повеќе од три минути.

Стефановски на Европското првенство на ридски патеки досега двапати победи во 2014 и 2015 година.