Сообраќајот на државните патишта се одвива на места со влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните служби од ЈП Македонија пат.

Од превентивни причини, соопштија од ЈП Македонија пат,  воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Дебар – Струга.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, како што е соопштено, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.