Професорката на Електротехничкиот факултет во Љубљана, Емилија Стојменова Дух во новата словенечка влада ќе биде министерка за дигитализација. Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, а е и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.
Како што пренесе Нова ТВ, особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на ЕУ и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката.
По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората Гимназија во Марибор каде го завршува средното образование. Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор иги завршува како најдобар студент.
Извор: Нова ТВ