Чест ми е што сум министер на РС Македонија, а што се однесува до мојата изјава, реалноста е дека сум Албанец, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во С. Македонија, изјави министерот за економија, Крешик Бектеши кој беше гостин во „10 минути“ на ТВ 21.

Бектеши воедно му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека за него е „чест што е министер на РС Македонија, но и одговорност затоа што ги застапуваа сите граѓани во државата и сите етникуми.

– Што се однесува до мојата изјава јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во С. Македонија. Колку што С. Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене. Колку што се грижам јас толку треба и тој да се грижи. Не треба да го оживееме национализмот, да не го поларизираме општеството со вакви теми затоа што имаме позначајни работи. Главниот фокус за нас како Влада, но и за нив како опозиција, треба да биде подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Бектеши.

Како што веќе објавивме, при посетата на Албанија, Бектеши во два наврати реагираше скандалозно како македонски министер. Прво се сликаше со три албански знамиња и без ниту едно македонско, а потоа реагираше на прашање од новинарка која му се обрати со „македонски министер“, а тој одговори дека не е македонски, дека е Албанец, министер од С. Македонија.