Фудбалската селекција на Македонија повторно е на едно место. Нашите најдобри фудбалери денеска се собраа во Скопје, каде што ќе ги започнат подготовките за најдолгата репрезентативна пауза досега.

Пред нашиот национален состав се четири натпревари за краток период, поточно дуели со селекциите на Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки од групата од Лигата на нациите.

Селекторот Гоце Седлоски повика 28 фудбалери, од кои повеќето веќе се чекираа и присуствуваа на денешниот собир.

Во составот на Седлоски се најдоа четворица дебитанти (Анес Мелиќи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга ТЛ), како и повратници по подолга пауза, кои се надеваат дека ќе добијат шанса за докажување на претстојните натпревари.

Во првото коло ќе се сретнеме со Швајцарија на домашен терен, потоа гостуваме кај Словенија, па следуваат домашен дуел со Шкотска и натпревар во гости кај Швајцарија.