Укинат е апсурдот кој го воведе Министерството за правда, забранувајќи им на граѓаните на Македонија да го употребуваат името Македонија, во државата Македонија, во која Бугарите слободно употребуваат имиња на лица од фашистичкиот период за клубови како Ванчо Михајлов, Цар Борис Трети, Цар Фердинанд, за кои, пак, власта тврди дека нема заокнска можност да ги забрани.

Надлежниот Управен суд ја поништи забраната за употреба на името Македонија во имиња на организации и правни субјекти во земјава и во странство, воведена од актуелниот вицепремиер Бојан Маричиќ, додека беше министер за правда.

Со одлуката на Управниот суд се поништува решението на Маричиќ кој сега е вицепремиер за евроинтеграции.

Сега според судското решение секој Македонец и секој македонски граѓанин има право да го употребува името Макеоднија во правниот живот во Македонија.

Апсурдот во кој беа доведени Македонците во родната земја Македонија, беше укинат по судскиот процес што го покренаа организацијата Млади за Македонија и адвокатот Тони Менкиноски кои го покренаа овој процес врз основа на непочитување на човекови права на Македонците и дискриминација врз нив.

За овој процес претставник на Млади за Македонија и Менкиновски синоќа говореа за ТВ Алфа во емисијата Заспија ако можеш.

Благодарение на овој процес беше симната забраната односно дискриминација на Македонците и во Република Македонија, а не само на Македонците во Бугарија и во Грција.

Видеото може да го отворите ТУКА.