Македонски телеком  објави дека нивната 5G мрежа е веќе активна во „East Gate Mall“ во Скопје, како и во населбите Ченто, Маџари, Автокоманда, Железара, Керамидница и Хиподром. Компанијата претходно ја стартуваше правата комерцијална 5G мрежа во 15 градови и нивните околини.

Од Телеком најавуваат дека до крајот на  месецов мрежата ќе биде достапна и во скопските региони: Радишани, Бутел, Шуто Оризари, Чаир, Топанско Поле, Бардовци, индустриската зона Визбегово-Качанички Пат, Ѓорче Петров, Даме Груев, Хром, Долно Нерези, Влае, Злокуќани, Карпош 4, Карпош 3, Момин Поток, Тафталиџе 2 и Трнодол.

-До мај годинава Скопје целосно ќе биде покриено со 5G сигнал. До крајот на годината, 26 градови во Македонија ќе бидат покриени со опрема од најновата генерација. Македонски Телеком овозможи користење 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции, наведува во соопштение Македонски телеком.

Оттаму истакнуваат дека мрежата е подготвена да овозможи супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на АЕК.

– 5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат соодветно сертифицирани 5G уреди, информира Телеком.