Владата предводена од СДСМ постојано презема мерки и политики што значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите категории граѓани.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, по вчерашното големо поскапување на горивата, што ќе предизвика верижно поскапување и на други стоки и услуги и ќе ги стопи покачувањата на минималецот и пензиите. Соопштението од СДСМ подолу го објавуваме во целост:

Од септември, пензионерите ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.

Покрај новата медологија за забрзан раст на пензиите, Владата обезбеди и финансиска помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.

Претходно се постигна договор за ново зголемување на минималната плата која веќе за овој месец ќе изнесува 18.000 денари.

Тоа ќе поттикне раст на сите плати, но и повеќе пари во пензискиот фонд за редовна испата на пензиите.

Во тек е подготовка на анализа и нови мерки кои наскоро ќе се најдат на владина седница. Следуваат таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места, како и мерки за ранливи категории за ублажување на ценовните шокови.

СДСМ како одговорна партија и во време на глоблни кризи продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.

Центар за односи со јавноста на СДСМ