Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Бојан Миовски денеска му се приклучи на шкотскиот премиерлигаш Абердин и го имаше првиот тренинг со новите соиграчи откако ја доби потребната работна виза.

– Тој е конечно тука и веднаш почна со работа, соопшти попладнево Абердин, објавувајќи на својот Твитер профил фотографија од тренинг сесијата на Миовски по приклучувањето кон тимот.

Миовски ова лето го засили шкотскиот прволигаш од редовите на унгарски МТК за 650.000 евра.