Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе го гледаат и во Мадагаскар, а во Македонија нема да го пренесува ниедна од националните телевизии.

Завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн привлекува големо внимание низ светот, а годинава освен од Европа, интерес има и во Африка, каде гледачите ќе можат да ги проследат најинтересните моменти од полуфиналните и финалните натпревари во Германија, каде што настапува и  македонскиот шампион Вардар.

Објавено е дека ТВ преноси од Келн ќе има во повеќе од 115 земји меѓу кои и Мадагаскар, Капе Верде, Италија, Русија, но не и во Република Македонија.

Во Македонија само одреден дел на навивачи ќе можат да ги проследат натпреварите од Келн на ТВ, останатите за жал ќе мораат македонскиот шампион да го следат преку видео стримови.