Ако рускиот претседател Владимир Путин, кој ја напаѓа Украина од 2022 година, не биде запрен, „тој со сигурност ќе се насочи кон Молдавија, а можеби и понатаму кон Романија“, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за неколку неделни изданија.
Евентуалното повлекување на САД од Украина „не е во нивен интерес“, бидејќи „тоа што САД го прават во последните три години е целосно во согласност со нивните дипломатски и воени традиции“, истакна Макрон за неделникот „Трибјун диманш“.
„Доколку Вашингтон се согласи „да потпише прекин на огнот без никакви гаранции за безбедноста на Украина“, тогаш „неговиот геостратешки капацитет за одвраќање против Русија, Кина и другите ќе исчезне истиот ден“, додаде Макрон.
Покрај „Трибун диманш“, интервјуто со Макрон ќе биде објавено и во „Журнал ду диманш“, „Паризиен“ и „Вест Франс“.
Макрон во интервју за неделниот весник „Ла трибјун диманш“ ја опиша размената на остри зборови меѓу претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, завчера во Белата куќа, како „прес-конференција која заврши лошо“ и ги повика двајцата да покажат взаемно почитување.
Сепак, францускиот претседател рече дека не смета дека овој вербален конфликт е знак дека дошло до прекин на соработката, пренесува францускиот неделник.
„Мислам дека сите треба да се вратиме на мирот, почитувањето и меѓусебното уважување за да можеме да напредуваме, бидејќи она што е во прашање е премногу значајно“, рече Макрон.
Фото: МИА архива