Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска повторно се заложи за европски проект на одбрана, наведувајќи дека Европа за безбедносните прашања не би требало да се потпира на САД.
– Ние треба да ја гарантираме европска безбедност, а со самото тоа и нејзиниот суверенитет, истакна Макрон во обраќањето пред француските амбасадори во Париз.
Тој додаде дека во разговорите за соработката во областа на одбраната би требало да се вклучат сите европски земји и Русија, во случај ако има напредок со Москва за прашањето за Украина.
Макрон во говорот ги претстави и приоритетите на француската дипломатија за следната година.
Тој ситуацијата во Сирија ја оцени како многу вознемирувачка, пред се во провинцијата Идлиб, каде се заканува нова хуманитарна криза. Идлиб е под контрола на бунтовниците.
Макрон апелираше „уште повеќе да се засили притисокот врз сирискиот режим и неговите сојузници“ за надминување на конфликтот со политички средства.
– Во таа насока многу очекувам од Русија и од Турција, пред се поради нивите преземени ангажмани“.