Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во изјава за француската телевизија ТФ1 нагласи дека дијалогот со талибанците не значи нивно признавање.
– Овој дијалог е неопходен поради евакуација. Талибанците го контролираат Кабул и територијата на Авганистан, па затоа мора да водиме разговори. Но, тоа не значи дека ги признаваме. Ние ги утврдивме условите за нив, изјави Макрон.
Според Макрон, условите наметнати на талибанците се однесуваат на почитување на човековите права и „достоинството на авганистанските жени“.
Макрон во саботата потврди дека Франција почна преговори со талибанците за хуманитарни операции и продолжување на евакуацијата од Авганистан.