Царината на Сардинија соопшти дека запленила неколку килограми незаконски собран песок, школки и камења, од туристи кои се обидувале да понесат спомени од нивниот одмор на италијанскиот остров.

Сардинија е надалеку позната по своите плажи, но мора да се бори со влијанието на туризмот врз животната средина, бидејќи посетителите ги игнорираат повиците да ја остават областа недопрена и намерно носат дома песок и школки како сувенири. Вкупно 4,1 килограм песок од повеќе плажи бил одземен вчера од страна на царинските службеници на аеродромот „Алгеро“.

„Секоја година, плажите на Сардинија претрпуваат непоправлива штета од луѓе кои носат песок, камења и школки дома, без никаква почит. Ова е не само погрешно, туку и незаконско“, соопштија властите.

На „криумчарите“ им се изречени казни до 3.000 евра.