Ве почитуваме и ви се восхитуваме, рече францускиот претседател Емануел Макрон, кој вети дека Франција ќе ја поддржува Украина „до победата“.

– Ве почитуваме и ви се восхитуваме, вашата борба е историска и не инспирира. И во следната година ќе бидеме со вас. Ќе ви помогнеме да победите. Заедно ќе изградиме праведен и одржлив свет. Сметајте на Франција и Европа“, рече Макрон во новогодишното обраќање.

Минатата недела францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну го посети Киев, каде што разговараше со Володимир Зеленски и со украинскиот мmakronинистер за одбрана Олексеј Резников.

Лекорну вети дека Франција ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина, вклучително и можно снабдување со дополнителни хаубици Цезар, како, како и француско-италијански противвоздушни системи МАМБА.