Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека договорот меѓу САД, Данска и Гренланд „помага да се смири ситуацијата“ и „го потврдува данскиот суверенитет“ над арктичкиот остров.

Макрон ја даде оваа изјава за време на неговата посета на француската прекуморска територија Сен Пјер и Микелон – мал архипелаг сместен во Северниот Атлантик, во близина на источниот брег на Канада.

– Можам да констатирам дека данскиот суверенитет е признаен и дека меѓународното право се почитува – а тоа е токму она што го сакавме, додаде Макрон.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот вечерта објави дека САД, Данска и Гренланд постигнале договор што му овозможува на Вашингтон да воспостави значително воено присуство на арктичкиот остров.