Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по средбата со оманскиот султан Хајтам бин Тарик Ал во Елисејската палата изјави дека Франција и Оман ќе соработуваат за деескалација на тензиите на Блискиот Исток и ја потврди соработката со партнерите за чистење на мини од Ормуската теснина.

„Одлучивме да соработуваме заедно со нашите партнери за чистење мини од Ормуската теснина со цел да обезбедиме морски патишта и да гарантираме слободен и безусловен премин низ Ормуската теснина“, објави Макрон на својот профил на Икс по средбата со султанот на Оман.

Францускиот претседател изјави дека Оман и Франција го зајакнуваат своето партнерство преку историски договори во економската, научната, културната и индустриската сфера.