Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во интервјуз а француската телевизија „Франс 5“ изјави дека борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа и неселективни напади врз цивилното население.
Макрон го повика Израел да престане со ваквиот пристап во борбата против терористите бидејќи не е соодветен и посочи дека сите животи се подеднакво вредни и секој мора да ги брани.
Иако го призна „правото на Израел да се брани и да се бори против теророт“, францускиот претседател повика на заштита на цивилите и хуманитарен прекин на огнот.
-Хамас е виновен за оваа ситуација, но го повикувам Израел да го запре бомбардирањето на Појасот Газа, кажа Макрон.
фото:МИА архива