Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и САД треба меѓусебно да се однесуваат со почит, како што им доликува на долгогодишни сојузници.

Макрон вчера се обрати на француската телевизија ТФ1, откако американскиот претседател Доналд Трамп го нападна на Твитер, во врска со повеќе теми.

– Сме биле сојузници во секој момент од нашата историја, така што почитување доликува на сојузници, рече Макрон осврнувајќи се на поддршката од Франција на американската војна за независност и поддршката во двете светски војни, пренесе Ројтерс.

Како што рече, смета дека Французите не очекувале дека ќе одговори на твитовите на Трамп, но мислел дека е важно да продолжи за „важната историја“, пренесува Танјуг.

– Сметам дека си игра политика и му дозволувам да си игра, рече Макрон, додавјаќи дека смета оти Трамп и се обраќа на домашната публика.