Малолетник се здобил со повреди во пожарот кој денеска избувна во стан од зграда на улицата „Христо Смирненски“ во Скопје, според најновите информации од полицијата.

-Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а од пожарот со повреди се здобил 13-годишник, кој бил во станот, а со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на помош, велат за Курир од МВР.

Пожарот бил пријавен околу 12:40 часот, а со брза интервенција на скопската противпожарна бригада истиот е локализиран и спречено е негово проширување.