И.С.(43) вчера вечерта пријавил дека околу 21,40 часот на улицата “Методија Андонов-Ченто“ во Скопје поточно на автобуската постојка неговиот 13 годишен син додека чекал автобус на постојката бил физички нападнат од страна на непознато лице на возраст од 15 до 18 години кој бил со уште три други лица.

-Потоа сторителите го напуштиле местото на настанот, а по кратко време се вратиле заедно со поголема група на лица, а 13-годишното момче и неговите другари побегнале по што ги известиле родителите, информираат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.