Роберт МАЛОУН
(авторот е имунолог, вирусолог, еден од најголемите светски експерти во оваа област, изумител на МНРА технологијата која сега се применува и кај некои вакцини против корона вирусот (надежта е дека со таа технологија ќе се добие вакцина против ракот)
Не можам, а да не го искоментирам и да ви го кажам следното.
Најпрво, мојот пријател и колега, Стив Банон, сега е процесуиран во федерален затвор за ниско казни во Конектикат. Ова е навистина ужасна вест и ме боли што Конгресот не постапи на координиран начин за да обезбеди негово ослободување.
Да бидам многу јасен, владата во сенка ги замолкува „алтернативните“ гласови за вести и изданија во пресрет на изборите.
Повеќекратните наредби кои се однесуваат на Трамп, почнувајќи од пролетта 2024 година, требаше да го замолчат во опва време пред изборите.
Питер Наваро е затворен само неколку месеци пред изборите, замолчувајќи го неговиот глас во критично време.
Стив Банон е во затвор и ќе биде таму од 1 јули до 30 октомври. Ќе биде ослободен, само неколку дена пред изборите. Замолчување на неговиот глас во критично време.
Вицепремиерот за финансии на „Епох тајмс“ беше обвинет шест месеци пред изборите, иако злосторствата беа извршени пред години, а МСМ изнесуваше лажни и потпалувачки наводи за самиот весник.
Овој месец, се чини дека Алекс Џонс ќе го затвори своето студио.
Прашањето е, по кого следно ќе дојде оваа влада во сенка и Министерството за правда?
Во меѓувреме, тие во голема мера ги губат изборите, а уште полошо за демократите, Врховниот суд сега му го отвори патот на Трамп да се бори против случајот за мешање во изборите, случајот со доверливи документи и случаите за избори.
Кога ќе биде избран, Трамп сега ги има алатките да тргне по длабоката држава со новиот Врховен суд кој го поништи Шеврон Деференц, кој утврди дека административната држава не може да ги составува сопствените закони.
Понатаму, случајот со доверливи документи на Трамп сега пропадна.
Владата тврдеше дека, како дел од неговиот наводен заговор за поништување на изборите, Трамп сакал да го искористи Министерството за правда за да испрати писма во кои се распрашувал за потенцијална измама на гласачите во одредени држави и дека Трамп „постојано се заканувал дека ќе го замени“ вршителот на должноста јавен обвинител Џефри Розен.
Високиот суд утврди дека Трамп „е апсолутно имун од гонење за наводното однесување кое вклучува негови разговори со претставници на Министерството за правда“.
Во врска со разговорите што Трамп и тогашниот потпретседател Мајк Пенс ги имаа за потврдување на изборните резултати, судот утврди дека „Трамп е барем веројатно имун од гонење за такво однесување“. Врховниот суд го врати прашањето назад до окружниот суд за да „процени“ дали наводното однесување на Трамп „би носело какви било опасности од упад во овластувањата и функциите на извршната власт“.
Врховниот суд дополнително го врати прашањето во врска со подготовката на контингентните избирачи назад до понискиот суд за да се утврди дали таквото дејство се квалификува како „официјално или неофицијално“. Трамп тврди дека „наводното однесување се квалификува како официјално бидејќи било преземено за да се обезбеди интегритет и правилна администрација на федералните избори“, забележа судот.
Понискиот суд, исто така, сега има задача да утврди дали јавните изјави на Трамп на 6 јануари спаѓаат во официјална или неофицијална категорија.
Длабоката држава е во голема неволја ако Трамп биде избран, и тие тоа го знаат.
Затоа Обама се сврте кон Бајден и сега се залага за отворена конвенција.
Еве што напиша Такер Карлсон за ова:
„Од вообичаено доверлив извор: Твитот на Обама со кој го поддржува Бајден не беше искрен. Приватно, Обама зборува дека Бајден не може да победи и затоа тој се залага за отворена конвенција на која би бил избран друг кандидат. Обама нема да каже кого поддржува, како што нема да каже дека вчера се сретнал со Бајден за да му ја пренесе оваа порака. Односите меѓу Обама и Бајден и неговите никогаш не биле топли. Повремено дури биле непријателски. Но, од неодамна тие дополнително се влошиле, најмногу поради Џил Бајден. Во деновите по дебатата, таа го држела Бајден подалеку од сите оние кои би можеле да влијаат тој да се откаже од трката, Џил Бајден е ороводец во кампањата на Џо Бајден, исто како и во 2020 година, додека други членови од семејството на Бајден, вклучувајќи ја и неговата сестра Вал, сметаат дека тој е неспособен за претседателската трка. Во Демократската партија се свесни за сето ова, а потенцијалните кандидати на неговото место, како Гречен Витмер, се промовираат агресивно“.
„Време е Џо да си оди“. Тоа го изјави неодамна Чендлер Вест, заменик-директор за фотографија на Белата куќа од јануари 2021 до мај 2022 година.Тој напиша:
“Претседателот Бајден мора да отстапи и да го ослободи местото за друг кандидат. Ништо помалку од ова и ништо повеќе. Оваа промена мора да дојде од врвот. Затоа се надевам дека луѓето околу него ќе бидат искрени кон себе, но и кон Амерканците. Познавам многу луѓе од тоа опкружување. Тие ќе кажат дека Бајден имал лош ден и ништо повеќе од тоа, но приватно ќе го зборуваат спротивното, а тоа е тоа што го видовме на дебата – Џо Бајден ја нема силата од пред некоја година. Јасно му е на секој дека тој веќе нема сила да ја води нацијата“.