СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница. СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално.

На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија.

Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи?

Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Аррхива