Шпанскиот голман Давид де Геа најверојатно ќе го напушти Манчестер јунајтед, откако ја одби последната понуда за продолжување на договорот.

Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ му понуди Шпанецот 350.000 фунти седмична плата, а тој наводно барал 500.000.

Дваесет и осумгодишниот Де Геа има важечки договор со Јунајетд до летото 2020 година, но тешко дека ќе остане да брани и следната сезона.

Интерес за него покажува ПСЖ и веќе се шпекулира дека на адреса на премиерлигашот е стигната понуда од 60 милиони евра, а на голманот му е понуден договор од 24 милиони по сезона.