Тренерот на премиерлигашот Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, изјави оти е разочаран по синоќешната сензационална елиминација на неговиот тим од второлигашот Мидлзбро во рамки на ФА Купот.

Мидлзбро го шокираше Јунајтед на „Олд Трафорд“, елиминирајќи го на пенали со 8:7, откако дуелот по 120 минути заврши 1:1.

– Создадовме многу шанси, кои, за жал, не успеавме да ги искористиме, особено во првиот дел, кога требаше убедливо да водиме со 3:0. Самите сме виновни што не успеавме да се пласираме во следната фаза. Пеналите секогаш носат неизвесен исход, па на крајот го загубивме натпреварот и многу сме разочарани поради тоа, изјави германскиот стратег на клупата на Јунајтед.