Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, не замина со своите соиграчи за последниот пријателски натпревар пред почетокот на Премиер лигата.

Францускиот репрезентативец ќе го пропушти натпреварот со Милан, кој ќе се игра подоцна во Кардиф.

Официјалната причина за отсуството на Пол Погба е повредата што ја добил за време на тренингот во Осло на почетокот од оваа недела.

Според медиумите на Островот, сепак, фудбалерот не заминал со тимот на Велс во последен обид за комплетирање на неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Првично, Пол Погба беше вклучен на списокот за Кардиф, но подоцна се покажа дека тој нема да се качи во авионот.