Играчот за врска Пол Погба побара нов договор од Манчестер јунајтед според кој ќе добива 500.000 фунти неделно, објави „Дејли Стар“.

Договорот на Погба со англискиот клуб ќе истече во јуни 2022 година. Доколку Јунајтед не се согласи со условите предложени од агентот на фудбалерот Мино Рајола, тие ќе ризикуваат да го загубат францускиот репрезентативец без никакво обештетување на крајот на следната сезона.

Погба бара основна плата од 500 илјади фунти неделно, како и голем дел од неговите права за имиџ. Вкупно, станува збор за износ близу 800 илјади фунти на секои седум дена.

Интерес за Погба покажуваат неколку други екипи, па останува да се види одговорот на Манчестер јунајтед за барањата фудбалерот.