Манчестер јунајтед вчеравечер одигра нерешено 0:0 со Кристал Палас во натпревар од 29. коло на Англискиот фудбалски шампионат. За тимот на Оле Гунар Солскјер ова реми без голови беше шесто оваа сезона.

Јунајтед има најмногу ремија без постигнат гол во однос на било друг тим во Премиерлигата. Покрај тоа, Манчестер јунајтед го повтори својот рекорд во сезоните 2004/05 и 2016/17 кога исто така имаше шест нерешени средби со 0:0.

По 27 кола во Премиер лигата, Јунајтед е втор на табелата со 51 бод, 14 помалку од лидерот Манчестер сити.